Настанот „Дуинг бизнис во Источна Европа“ се одржа во вторник на 23 април, каде Конфиндустриа Источна Европа и АНИЕ федерацијата ги презентираа можностите што ги нудат земјите од Централна и Источна Европа пред присутните претприемачи.
Настанот го отвори претседателката на ЦИЕ, Марија Луиза Мерони, по што имаше говори од присутните меѓународни претставници.
Директорот Енрико Раиноне учествуваше за Конфиндустрија Северна Македонија.
По презентациите на различните земји беше говорот на Алесандро Паоли од Unicredit International Center Italy.
Денот потоа заврши со B2B состаноци помеѓу заинтересираните претприемачи и вклучените делегации.




