Претседателот Рикардо Раиноне со директорот Енрико Раиноне, делегатот за Скопје, Роберто Тамборини и новиот делегат за Југоисточниот регион, Борјан Сандревски, утрово ја претставија асоцијацијата на голема група претприемачи од Гевгелија.
Средбата, која се одржа во хотелот Аполонија во Гевгелија, беше отворена со поздрави преку видео повик од заменик-амбасадорот на Италијанската амбасада во Скопје, д-р Марио Де Роса. На средбата учеството земаа претставници на компании од различни сектори: винарство, туризам, агро-прехранбена индустрија, хотелиерство, стоматологија, градежништво, трговија и други.
„Многу сум задоволен не само од големиот број на учесници на настанот, туку и од интересот што го предизвика Конфиндустрија Северна Македонија – изјави претседателот Раиноне – „Сметам дека е многу важно да бидеме присутни во овој регион кој е многу важен за земјата и му посакувам добредојде на новиот територијален делегат, Борјан Сандревски, за кој сум сигурен дека ќе работи одлично во оваа област.“