Конфиндустрија Северна Македонија во својство на спонзор учествуваше на свеченото отворање на единаесеттото издание на Младинскиот филмски фестивал Џифони Македонија, кој се одржа вечерта на 5-ти октомври во киното Милениум во Скопје каде беше прикажан филмот „L’Arminuta “ (Вратената) на Џузепе Бонито.
Пред прикажувањето на филмот организаторите на фестивалот ја поздравија бројната публика од млади луѓе кои учествуваа на фестивалот.
Потоа се обрати Неговата Екселенција амбасадорот Андреа Силвестри, кој исто така ги поздрави многубројните присутни млади луѓе, потврдувајќи ја посветеноста и поддршката на италијанската амбасада во Република Северна Македонија за промоција на настани кои придонесуваат за културната размена помеѓу двете земји.
Во рамките на излагањето , амбасадорот му се заблагодари и на директорот на фестивалот и на неговите соработници што го препознаа и поддржаа потенцијалот на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги младите во бројни едукативни и креативни активности во текот на оваа недела посветена на уметноста.















