Софија и Скопје потпишаа три меморандуми за време на вториот ден од посетата на македонскиот премиер на Бугарија. Целта на документите ќе биде зголемување на соработката во земјоделскиот сектор, поддршка за малите и средни претпријатија и изградба на железничка линија што може да ги поврзе Скопје и Софија.
По завршувањето на средбата меѓу претставниците на двете влади, најавено е дека во 2023 година ќе биде отворен новиот граничен премин меѓу двете земји лоциран во Клепало.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски го изрази своето задоволство од сработеното од двете земји и додаде дека искуството стекнато од Бугарија, членка на Европската унија веќе 15 години, може да биде од корист само за Северна Македонија откако и таа ќе стане полноправна членка. .
„Преку конкретна соработка во реалните сектори, сите од компании до образовни институции ќе можат да ги видат придобивките од соработката меѓу двете земји“, рече Ковачевски.



