Придобивки
- Споделете
Конфиндустрија Северна Македонија не треба да се гледа само како асоцијација на италијански компании со интереси во Република Северна Македонија, туку како асоцијација на италијански и македонски компании со интереси во двете земји, која е способна да ги води и поддржува сите компании-членки во своите процеси на раст и развој како на локално, така и на интернационално ниво. За таа цел Конфиндустрија Северна Македонија им обезбедува на своите компании-членки ефикасно претставништво на сите нивоа и во сите седишта со тоа што гарантира услуги насочени кон специфичните активности на компаниите.
Искористувајќи ги максимално предностите што ги нуди системот на Конфиндустрија, компаниите-членки лесно ќе можат да идентификуваат соодветни партнери за нивните активности и да имаат професионални фигури обучени според потребите на компанијата без да одземат од драгоценото време посветено на управувањето со нивниот бизнис.
Да се биде член значи да се даде активен придонес во животот на асоцијацијата не само преку присуство на настани организирани на одредени теми, туку и преку учество на пригодни настани за негување и зајакнување на односите и познанствата меѓу претприемачите, како и оние за остварување на хуманитарни и инклузивни цели кои во таквите прилики се обидуваме да ги продолжиме и развиваме.
Активното учество во животот на асоцијацијата исто така е и момент на конструктивна средба меѓу членките којашто, преку едноставна размена на идеи, води кон раѓање на иновативни проекти, до развој на претприемачкиот систем преку соработка помеѓу македонски и италијански компании, а зошто да не, и до раѓање на нови претприемачки реалности. претприемачки.
Токму затоа, од суштинско значење е компанијата-членка да учествува активно во Конфиндустрија Северна Македонија со искажување на проблемите со кои секојдневно се соочува неговата компанија, бидејќи најчесто многу од проблемите на претприемачките системи се заеднички за повеќе компании и можеби резултираат со потешки решенија ако соочуваат о самите компании-членки се соочуваат поединечно со нив. За разлика од тоа, широката и силна членска база може да направи гласот на членовите да се слуша на влијателен начин во институциите, политичките и општествените центри, економските субјекти и медиумите.
Да се биде член на Конфиндустрија Северна Македонија значи да се биде активен дел од идејата за претприемачки и општествен развој. Да се биде член на Конфиндустрија Северна Македонија е многу повеќе од учество со членарина!