Во саботата на 22 април Конфиндустрија Северна Македонија учествуваше на второто издание на „Пролетниот фестивал“ во организација на општина Ново Село. Настанот организиран од страна на здружението за промоција на италијанскиот јазик и култура Quo Vadis Ad Astra со поддршка на Италијанската амбасада во Скопје и Конфиндустрија Северна Македонија беше и можност за промоција на некои познати италијански брендови за храна.