Во недела на 13 ноември, претседателот на Конфиндустрија Северна Македонија придружуван од директорот се сретна со градоначалникот на општина Босилово.
Босилово, е мала општина со околу 15.000 жители лоцирана на југоисток од државата, а главните активности на општината се концентрирани во земјоделскиот сектор и во производството на нивните деривати благодарение на локалните преработувачки индустрии.
Целта на средбата беше дискусија за унапредување на односите меѓу локалното претприемачко ткиво и италијанското како и можноста преку Конфиндустрија Северна Македонија да се промовираат можностите за инвестирање достапни во оваа општина.



