Конфиндустрија Северна Македонија учествува на настанот In East We Trust организиран од Конфиндустрија Удине

Настанот „In East we trust“ се одржа во четврток, 19 мај во објектот Палацо Торијани, и беше промовиран и организиран од Конфиндустрија Удине во соработка со Конфиндустрија Источна Европа и Конфиндустрија Русија.

Голема група интернационални претставници од Конфиндустрија Источна Европа, меѓу кои: Република Северна Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Украина, Белорусија и Полска се погрижи присутните подобро да ја запознаат Источна Европа.

За време на настанот збор зедоа потпретседателката на Конфиндустрија Удине, Ана Марија Марески, советникот за производство и туризам на регионот Фриули Венеција Џулија, Серџо Емидио Бини, претседателката на Конфиндустрија Источна Европа, Марија Луиза Мерони, генералниот директор на Конфиндустрија Русија, Алфредо Гоци и генералниот менаџер на компанијата „Refrion Refrigeration“ Давиде Томазин. коишто на присутните им прикажаа детална економска слика од ситуацијата во Источна Европа, со цел да се изнесат можности за заедничка соработка со локалните компании.

Од голема важност беше излагање на генералниот директор на Конфиндустрија Русија, којшто се фокусираше на италијанските компании присутни во Русија и можните перспективи и сценарија во блиска иднина.

Настанот заврши со 130 поединечни средби, „во четири очи“, помеѓу заинтересираните претприемачи и присутните меѓународни претставници.

Accedi

Inserisci le credenziali che hai ricevuto dall’amministrazione.

Логирај Се

Внесете ги ингеренциите што ги добивте од администрацијата.